1301 Селта – Леванте (19.00 часот)
Ова е важен меч за двата тима, Селта се бори за место во Европа, теоретски уште е во игра и за ЛШ, а на Леванте, кој е претпоследен на табелата целта му е да избегне испаѓање. Селта е втор најслаб домаќин во лигата само со 20 освоени бодови на 17 меча на свој терен, но Леванте не е тим од кој треба да се плашат. Селта речиси два месеца, уште од 15 март не играла нерешено. Есеноска Селта како гостин го победи Леванте во Валенсија со 2-1. Леванте шест години нема победа над Селта.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.35)
1302 Бетис – Елче (20.00 часот)
Бетис со победа ќе биде на чекор од пласман во ЛШ, а можеби и ќе осигури место, но само ако Селта загуби. Бетис е тим со најмногу ремија во Ла Лига, ги има дури 15 сезонава, почесто играле нерешено отколку што победувале. Елче е само на два бода над зоната на испаѓање, па не би било пријатно ако претрпат пораз. Елче е гостин каков што може да се посака, има само една победа (најмалку од сите екипи во лигата) на 17 гостувања, а во просек прима по два гола.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.94)
5620 Ал Наср – Ал Хилал (20.00 часот)
Кристијано Роналдо никогаш не бил поблиску до освојување на титула со Ал-Наср отколку сега, со победа вечерва на домашен терен над директниот ривал ќе успее и ќе слави, но Ал-Хилал е тим кој нема ниту еден пораз сезонава во саудиската лига. Ал-Наср дома победи на 14 од 15-те меча, но Ал-Хилал е актуелен првак и најсилниот тим против кого ќе играат. Во првиот меѓусебен дуел сезонава во јануари, Ал-Хилал победи со 3-1, и тоа тогаш тимот на тренерот Симоне Инѕаги уште го немаа Карим Бензема.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)
1011 Саутхемптон – Мидлсборо (21.00 часот)
Ова е реванш од полуфиналето во плејофот за влез во Премиер лигата. Прв финалист е Хал. Првиот меч на Мидлсборо и Саутхемптон заврши 0-0, па поради домашниот терен, Светците се благи фаворити за да стигнат до финале на таканаречениот најскап меч на светот кој ќе се игра на „Вембли“. Ова се два тима кои во последно време често играат нерешено. Нерешено беше и на последните два меѓусебни дуела на овие екипи на стадионот „Сент Мери“.
Предлог тип: Х било кога (1.99)
1303 Осасуна – Атлетико Мадрид (21.30 часот)
Осасуна има два порази по ред и три во последните четири кола, па си ја искомплицира ситуацијата околу излез на европска сцена. Сега е десетта, но има само три бода помалку од седмопласираниот Хетафе. Атлетико е четврти и нема никакви мотиви. Кај Осасуна ќе го нема првиот голман Ерера, а кај Атлетико нема да играат Хулијан Алварес, Баена, Бариос, Кардосо, Хименес, Нико Гонзалес, Молина, Симеоне. Последнте три нивни дуели во Памплона беа со 0-2 гола, а есеноска во Мадрид беше 1-0 за Атлетико.
Предлог тип: 12 & 0-3 (1.89)

