Меси: Шокиран сум, но времето ќе покаже што е вистина

Лионел Меси накратко објасни што се случувало на вчерашниот состанок меѓу претредателот Бартомеу и капитените на тимот. Бартомеу сакал јасно да ја објасни целата ситуација и воедно да им потврди на играчите дека скандалозните тврдења се само лоши шпекулации, но Аргентинецот вели дека времето ќе покаже што е, а што не е вистина.

Бартомеу е обвинет дека користел ПР агенција која преку социјалните мрежи ширела дезинформации и говор на омраза почнувајќи од неговите противкандидати за изборите, па и за самите играчите, особено за Меси.

„Се шокирав кога слушнав за што се работи бидејќи не бев во Барселона, туку патував. Кога се видовме Бартомеу ни го кажа истото што го изјави и за медиумите. Приближно знам за што станува збор, но не можам повеќе од тоа да кажам. Ситуацијата никако не е добра, а само времето ќе покаже што е вистина“, истакна Меси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести