Меси-шоу во Памплона: Првпат даде пет гола на еден меч во дресот на Аргентина (видео)

Лионел Меси со пет погодоци против Естонија во контролката приреди вистинско шоу за публиката во Памплона.

Капитенот на јужноамериканскиот првак беше реализатор на сите гола на средбата, без многу мака го обезбеди убедливиот триумф на Гаучосите од 5-0, продолжувајќи ја одличната форма.

Мегаѕвездата на ПСЖ веќе во деветтата минута го започна голгетерското шоу, а за 2-0 заби во последната минута од првиот дел. За да запише хет-трик му беа потребни само две минути по стартот на второто полувреме, за потоа тотално да ја потопи Естонија со уште два гола, вкупно пет, во 71-та и 76-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести