Меси со необично објаснување зошто никогаш не ја пее химната (Видео)

Многу Аргентинци се прашуваат која е причината поради која Лионел Меси не ја пее аргентинската химна пред натпреварите, а оваа тема се вжешти денеска откако вчера на пријателскиот меч со Никарагва, ѕвездата на Барселона повторно само слушаше.

Меси никогаш не ја пее химната, некогаш е сконцентриран и внимателно ја слуша, некогаш само мирно стои, но никогаш не пее заедно со сонародниците и селекторот. Откако заврши интонирањето на химната, Меси аплаудираше, си даваа поддршка пред почетокот, а објаснувањето зошто не пее, за некого е прифатливо, за некого не.

„Што е важно дали ја пејам химната? Што менува дали пејам или не? За мене важно е како ќе играм и дали ќе победиме, а не дали ја пејам химната“ – изјави Меси.

На линкот подолу видете како изгледа кога сите пејат, а Меси само слуша:

https://www.youtube.com/watch?v=mMaPOnt6JwY

- Оглас -

Најнови вести