Меси – Суарес – Меси: Гол како на видеоигра (видео)

Барселона води со 2-0 на гостувањето кај Реал Бетис, а водството е благодарение на генијалецот Лео Меси. По мајсторијата од слободен удар, Аргентинецот овојпат во акција како на видеоигра го совлада Пау Лопес на неколку секунди пред крајот на првото полувреме.

Акцијата започна од Алба, бекот му ја додаде на Меси, а овој го проигра Суарес, кој откако повлече неколку метри, одлично се снајде пред шестнаесетникот и го извади Аргентинецот сам пред голот на домашниот тим. Она што се случи потоа, не треба да се објаснува, топката заврши во мрежата, Меси го прослави 28-миот гол во шпанското првенство.

https://www.dailymotion.com/video/x74dtey

- Оглас -

Најнови вести