Меси влечеше, удираше, го урна Кунде и на крајот избегна црвен картон (видео)

Барселона во второто полувреме влезе со предност од 1-0 на гостувањето кај Севилја по погодокот на Дембеле кој му го намести Меси во 29-тата минута.

Аргентинецот како и секогаш го истакнува своето присуство на терените, но овојпат тоа го направи на неспортски начин. Прво во 42-та минута Меси пожолте, а само 60-тина секунди подоцна направи нов прекршок по кој секој друг играч би добил втор жолт и исклучување на натпреварот.

Судијата Ернандес реши да му прости на капитенот на Барселона иако Меси од позади го влечеше, удираше и на крајот го урна Кунде на земјата.

- Оглас -

Најнови вести