Местеше тениски натпревари, му сместија суспензија на 8 години и казна од 25 илјади долари

Шпанецот Енрике Лопес е казнет со 8-годишна суспензија поради местење тениски натпревари во 2017 година, а ќе мора да плати и казна од 25 илјади долари.

Специјалната единица за интегритет во тенисот успеа да докаже со цврсти аргументи дека Лопес наместил три меча во 2017 година, а за уште два за кои се водеше истрага не е докажано дека имало сомнителни дејствија.

Лопес има 29 години, што и практично значи дека веќе нема да игра тенис. Суспендиран беше лани во декември и оттогаш му тече казната од 8 години, што ќе важи до крајот на 2027 година, кога Лопес ќе има 36 години.

Тој е релативно непознат тенисер, со најдобар ранкинг на АТП-листата во 2018 година, и тоа на 154-тата позиција.

Во игра на двојки стигна до 135-тото место, а не е објавено на кои турнири учествувал во местенките што му ги открија и за кои е казнет со долгогодишна суспензија.

 

- Оглас -

Најнови вести