Металург без сили во финишот, Стеауа со победа замина од Скопје

Металург загуби со 28-29 од Стеауа Букурешт во рамките од осмото коло во СЕХА-лигата. Екипата од Автокоманда повторно потклекна на крајот од мечот, иако имаа предност од два гола на полувремето на средбата која се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.

Избраниците на Данило Брестовац добро тргнаа на стартот, во еден период беше и неизвесно, пред Стеауа да поведе со 11-9. Сепак, до паузата, Металург се врати во игра, па замина со предност од два гола, односно 15-13. Меѓутоа, гостите во вториот дел запнаа во последните пет минути и повторно беа во предност од два гола. Македонскиот вицепрвак во последниот напад имаше и шанса да издвои реми, меѓутоа не реализира, па конечниот исход заврши со 29-28 во корист на романскиот состав.

Металург веќе утре (19 часот) го очекува нова пресметка, овојпат во рамките од Лигата на шампионите, каде што повторно на домашен терен ќе играат против портигалскиот тим на Спортинг од Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести