Металург го претрпе петиот пораз во низа во Европската лига на ЕХФ откако загуби убедливо на гостувањето кај австриски Фејврс со 45:30. Само пред два месеца, Металург дома одигра нерешено со овој ривал (33:33), а сега немаше никакви шанси да се надева на позитивен резултат.
Уште во првото полувреме Австријците покажаа дека лесно ќе стигнат до победа постигнувајќи 22 гола, кои беа доволни за девет гола предност по првиот дел. Второто полувреме беше само формалност, но тоа не беше проблем за Фејврс да стигне до уште поубедлива предност.
За Металург ова е петти пораз во низа во Европската лига и само еден не беше со двоцифрена негатива. Ако се пресметаат дадените и примените голови на последните пет дуели, Металург е во минус од дури 67 голови, со што само се потврдува немоќта на нашиот претставник во европските купови.