Металург „избруси“ победа во Букурешт

Екипата на Металург со победа во Букурешт од 28-26, ѝ се одмазди на Стеауа за поразот во Скопје, па дојде до третиот триумф сезонава во регионалната СЕХА лига, втор на гости.

Во 46 минута, Романците водеа со 20-15, но македонскиот тим во последната четвртина од натпреварот одигра многу ефикасно. На две минути до крајот, Металург поведе со 26-25, а ревашавачкиот погодок беше дело на Милан Лазаревски, кој во последниот напад искористи еден отпадок и од пикерска позиција го совлада домашниот чувар на мрежата за 28-26.

Во редовите на Металург го немаше Александер Шпенде, но тука беа новакот Тео Чориќ и повратникот на голот, Даниел Дупјачанец. Марио Танкоски со 9 гола беше најефикасен на мечот, Пучник и Шилегов дадоа по 4 гола, а Серафимов и Маџовски по три. Дупјачанец имаше 13 одбрани, и го фати секој трети шут кон неговиот гол.

Во следното коло од СЕХА, Металург в среда гостува кај српски Железничар, кој му е сосед на табелата.

- Оглас -

Најнови вести