Металург како на тренинг против новосаѓани

Металург на убав начин, со победа над Војводина од 39-20, ја заврши сезоната во регионалната СЕХА-лига. И покрај овој триумф над тимот кој со многу подмладен состав дојде во Скопје, Металург остана претпоследен на табелата и сега ќе се фокусира на домашните обврски.

По првото полувреме, семафорот во СЦ „Борис Трајковски“ покажуваше 19-7 и победникот беше познат, а во вториот дел гостите беа дотолчени. Шилегов, Серафимов, Младеновиќ и Маџовски дадоа по 6 гола.

Добра вест за тимот на тренерот Брестовац е и враќањето на првиот стрелец Шпенде. На Словенецот, кој даде два гола, овој меч добро му дојде за полека да почне да влегува во натпреварувачки ритам.

 

- Оглас -

Најнови вести