Мхитаријан: Нема што да криеме, утре одиме на победа против Македонија

Хенрик Мхитаријан се враќа во составот на Ерменија за да му помогне на лидерот во нашата квалификациска група во обидот да се направи подвиг и да се пласираат на Мундијалот во Катар, а популарниот Мики вели дека и утре ќе одат на триумф против Македонија.

Ерменија со серија од три победи е прва во нашата група, а Македонија заедно со Германија е веднаш зад нив со шест бода.

„Нема што да криеме, утре одиме на нова победа. Досега одигравме одлично и се надевам дека така ќе биде и во Скопје. Очекуваме нов, четврти триумф по ред“, изјави играчот на Рома.

Тој долго паузираше и не настапуваше за Ерменците, но сега се враќа во нациопналниот состав, токму за мечот што утре во Скопје ќе го играат со Македонија.

Мхитаријан не заборави да го спомене и Горан Пандев, кој се прости од настапите во македонската репрезентација, Двајцата имаат многу дуели меѓусебе во италијанската Серија А, а играа еден против друг и на дуели меѓу Македонија и Ерменија.

„Пандев е легенда на македонскиот фудбал и лидер на репрезентацијата. Не знам колку ќе им недостасува на домаќините, но знам дека е топ фудбалер“, изјави Мхитаријан.

Со него на вообичаената прес-конференција на еден ден пред мечот беше и селекторот Хоакин Капарош, кој вели дека Македонија е опасен ривал.

„Македонија е одлична репрезентација и добро ги познаваме. Играа на Европското првенство и иако имаат нов селектор и неколку фудбалери што си заминаа сепак се опасен ривал. Селекторите и играчите си заминуваат, таков е фудбалот. Најважно е да се задржи нивото на игра и успеси, а мислам дека македонската селекција има многу квалитетни играчи. Секако Ерменија ќе оди на победа, во добра форма сме и ќе се обидеме да го одбраниме првото место“, изјави Капарош.

Мечот од четвртото коло во нашата квалификациска група за настап на Мундијаот во Катар идната година ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ од 20,45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести