Мидслбро со предност од еден гол ќе патува на „Стемфорд бриџ“ (Видео)

Фудбалерите на Мидслбро приредија изненадување во првиот полуфинален натпревар од Лига купот и со предност ќе патуваат на реваншот на „Стемфорд бриџ“ против Челси.

Мидслбро кој одамна не е дел од Премиер лигата и игра во Чемпионшип дивизијата, вечерва на „Риверсајд“ со 1:0 ги совлада Сините. Ова е прва победа за Мидлсбро над Челси по пауза од 18 години.

Стрелец на единствениот гол беше Хајден Хакни во 37-та минута.

Реваншот ќе се игра на 23 јануари, а во второто полуфинале ќе играат Ливерпул и Фулам.

- Оглас -

Најнови вести