Миха има убави спомени од Скопје, се радуваше на пет гола на нашата арена

Миха Мевља има убави спомени од Скопје како играч на Зенит од Санкт Петербург и се радуваше на убедлива победа против Вардар на нашата национална арена.

Зенит тогаш го победи Вардар со 5:0 во историски меч за нашиот најтрофеен клуб во првиот меч во фаза по групи во Европа Лигата. Русите беа одлични, а Мевља бе ше столб на одбраната на Зенит. Играше и на вториот меч во Санкт Петербург и Зенит повторно победи со 2:1.

Вечерва Миха ќе игра за Словенија, повторно во Скопје на неговата стандардна позиција стопер.

„Тоа беше појнаков меч. Паметам дека одигравме одлично и убедливо славевме. Вечерва нека биде било каква победа, ќе бидеме задоволни“, вели Мевља.

Словенија моментно има 11 бода по шест одиграни натпревари во Г групата, три повеќе од Македонија, а се надеваме дека вечерва нема пак во победничко расположение да си замине од Арената во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести