Михајловиќ: Многумина мислат дека сум будала, но…

Синиша Михајловиќ уште еднаш покажа дека е вистински борец. Легендарниот српски фудбалер, а сега тренер на Болоња, беше на клупата на калчолигашот на гостувањето кај Верона. Ова беше прво појавување на Михајловиќ покрај теренот откако пред 40-тина дена му беше дијагностицирана леукемија.

„Ветив дека ќе бидам со вас и ете тука сум. За многумина ќе бидам будала затоа што решив да излезам од болница, но јас сакав да бидам тука“, им рекол Михајловиќ на своите играчи пред мечот со Верона.

Според познатиот италијански лекар Санта Тура, фактот дека Михајловиќ бил на клупата на Болоња е добар знак дека лекувањето оди во позитивна насока.

„Тоа што докторите му дозволиле на Синиша да излезе од болница покажува дека постои позитивен одговор од организмот во борбата со болеста. Јасно е дека и тој, како и секој друг пациент, кога ќе излезе од болница, мора да почитува некои правила“, вели Тура.

Болоња одигра 1:1 против Верона, а Михајловиќ во текот на сите 90 минути активно покрај аут-линијата го следеше мечот и го предводеше својот тим. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести