Михајловиќ се враќа во Болоња

Синиша Михајловиќ се согласи да биде тренер на Болоња откако управата му врачи отказ на Филипо Инзаги по вчерашниот дебакл од Фрозиноне со 4-0 на свој терен. Српскиот стратег се враќа на добро познато место, бидејќи на клупата на Болоња седеше во сезоната 2008/09.

Михајловиќ сигурно ќе ја води Болоња до крајот на сезоната, а негова задача ќе биде да го задржи тимот во елитата. Со Инзаги, Болоња оствари само две победи на 21 меч во Серија А, по што се најде во зоната за испаѓање. Токму поради слабите резултати, управата мораше да реагира, а сметаат дека Михајловиќ ќе може да им помогне да ги остварат целите.

Михајловиќ најверојатно ќе дебитира против Интер на „Џузепе Меаца“ во недела, тимот каде што ја заврши фудбалската кариера во 2006 година и две години беше во стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести