Мијатовиќ: Јовиќ треба да знае што го чека кога ќе се врати во Мадрид

Легендарниот црногорски фудбалер Предраг Мијатовиќ, кој живее во Шпанија, вели дека ситуацијата во таа земја е критична, владее психоза и луѓето се во некаква паника, а како некогашен играч и функционер во Реал Мадрид, знае како функционира клубот и најави дека за Србинот Лука Јовиќ по враќањето таму ќе има санкции.

„Јас и сопругата сме во строг домашен карантин. Не ми паѓа тешко, честопати сум бил во карантини. Засега е во ред, но ова е проблем кој мора сериозно да се сфати. Никој не очекуваше дека епидемијата ќе се шири толку брзо, здравствениот систем иако е меѓу најдобрите, во моментов е во колапс. Таков е менталитетот, луѓето шетаа по ресторани и манифестации до пред 12-13 дена. Ако посериозно се сфатеше заканата, бројот на болни и мртви ќе беше помал“, вели Пеѓа.

Мијатовиќ, кој со гол му донесе европска титула на Реал во 1998 година, смета дека ако Јовиќ го прекршил правилото за изолација, ќе има адекватни консеквенции.

„Ако ги прекршил правилата, ќе има проблем во клубот. Не само сега, туку и во иднина“, додава Мијатовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести