Милан е активен на трансфер-пазарот, донесе седмо засилување

Управата на Милан е една од најактивните на трансфер-пазарот и денеска донесе уште едно засилување, објавија италијанските медиуми.

Со парите од продажбата на Сандро Тонали на Њукасл (64 милиони евра плус бонуси), беа финансирани трансферите на Кристијан Пулишиќ од Челси, Тијани Реијндерс од АЗ, Рубен Лофтус-Чик од Челси, Ноа Окафор од Салцбург, додека Лука Ромеро и Марко Спортиело пристигнаа како слободни играчи, а денеска е официјализиран трансферот на Самуел Чуквуезе од Виљареал.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1683411938842214401?s=20

Крилниот фудбалер на „Сан Сиро“ доаѓа за 28 милиони евра. Чуквуезе ќе потпише петгодишен договор според кој ќе заработува 3,6 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести