Милан го чека дебакл на „Џузепе Меаца“, така барем тврдат прогнозерите

Градското дерби во Милано меѓу Интер и Милан е мечот кој со нетрпение се чека. Недела е денот кога лутите ривали ќе ги одмерат силите. Нераѕурите се домаќини во овој случај, што значи дека на „Џузепе Меаца“ ќе преовладува сино-црната боја. Дури 75,4% од учесниците кои ги приложија своите прогнози во овие три дена веруваат дека Интер ќе ја добие оваа битка, 14,7% очекуваат реми, а само 9,8% од прогнозерите се надеваат дека Росонерите ќе ги освојат трите бода.

Се очекува фановите на Интер непријателски да го пречекаат нивниот поранешен играч Златан Ибрахимовиќ, кој три години ги бранеше боите на овој клуб и освои пет трофеи со нив. Милан последен пат во јануари 2016 година се радуваше на триумф во градското дерби во лигашки рамки, што значи дека тренерот Пиоли ќе мора да приготви посебен рецепт за успешен резултат. Првата овосезонска победа му припадна на Интер со конечни 2-0, двоен стрелец беше Лукаку, кој повторно ќе биде најголема закана кон голот на Донарума.

Билансот во вкупно 224 официјални меѓусебни натпревари му припаѓа на Интер со 81 победа.

Учествувајте во новото коло на Спортска прогноза бидејќи наградите се одлични, забавата е загарантирана, секогаш е поинтересно кога има дополнителни мотиви за следење на натпреварите, а Sport Life наградува со телефони, ваучери, телевизори, СЛ Маркет поени…

- Оглас -

Најнови вести