Милан го дочека Селтик со подароци, па се налути (Видео)

Милан го пречека Селтик на „Сан Сиро“ со два неочекувани подароци на почетокот на мечот и по две кардинални грешки на одбраната, на шкотскиот гигант му дозволи да поведе со 0:2, а потоа се налути.

Во рок од две минути, Чалханоглу и Кастилјехо постигнаа два гола, во 24-тата и во 26-тата минута, за израмнување на 2:2 во најефикасниот меч од првата сеанса вечерва во Лигата на Европа.

Селтик поведе во осмата минута со голот на Том Рогиќ, а му кумуваа голманот на Милан, Донарума, и Симон Кјаер, кој патем и се повреди и беше заменет.

Дефанзивата на Милан повторно погреши во 14-тата минута, а искористи Едуардо со нов гол за Селтик. Шкотите поведоа експресно со 2:0 и најавија сензација, но Милан се врати во игра со блиц-криг за две минути.

Хакан Чалханоглу постигна одличен гол од слободен удар во 24-тата минута и намали на 1:2, а само 120 секунди подоцна Милан израмни.

 

Саму Катилјехо беше прецизен во 26-тата минута и најави атак на победа на домаќините за прво место во групата Х во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести