Милан го доведе најскапото засилување во ерата на Паоло Малдини

Белгискиот талент Шарл де Кателар е промовиран во нов фудбалер на Милан. Со овој потпис, Де Кателар стана најскапо засилување во ерата на Паоло Малдини и Фредерико Масаро.

Договорот кој е потпишан е до 2027 година, а Милан за него плати 32 милиони евра. Де Кателар ќе го носи дресот со бројот 90, а ќе има годишна плата од 2,2 милиони евра.

Офанзивецот кој досега го носеше дресот на Бриж, подолго време беше мета на Росонерите. Миланата сезона во белгискиот тим одигра 49 меча во кои постигна 18 голови, а имаше и 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести