Милан го промовираше новиот голман

Некогашниот италијански гигант Милан официјално го престави новото засилување Чипријан Татарушану. Голманот кој има 68 настапи за репрезентацијата на Романија, на „Сан Сиро“ доаѓа за трансфер вреден 500.000 евра од Лион. Искусниот 34-годишен голман потпиша тригодишен договор со Росонерите.

Татарушану ќе го носи дресот со бројот 1, а Милан ќе биде неговиот втор италијански тим, откако претходно има брането за Фиорентина. Романскиот чувар на мрежата во кариерата има брането и за Нант, Јувентус од Букурешт, Глорија Бистрица и ФКСБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести