Милан ги урна и Милан и многу добитни тикети (Видео)

Милан Павков е играч за големи натпревари и по головите со кои го нокаутира поранешниот европски првак Ливерпул во 2018 година, и вечерва беше кобен за уште еден ексевропски првак.

Напаѓачот на Црвена ѕвезда го спречи Милан вечерва да слави на „Маракана“ со погодок за израмнување на 2:2 во 93-тата минута на првиот меч од 1/16-финалето во Лигата на Европа. Погодокот на Павков во третата минута од судиското продолжение можете да го погледнете во продолжение.

Подвигот на Павков и на Црвена ѕвезда е уште позначаен бидејќи „црвено-белите“ играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Родиќ во 77-мата минута, а притоа имаа и негатива од 1:2.

Павков во 2018 година беше јунакот на големата победа на Црвена ѕвезда против Ливерпул со 2:0 во Лигата на шампионите, а токму Милан ги постигна двата гола.

Вечерва Милан ги урна надежите на Милан за победа во Белград, но и урна многу добитни тикети на кои се чекаше двојка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести