Милан ќе го одбрани „Сан Сиро“

Неделната фудбалска понуда е нешто посиромашна со дербија во однос на саботата, но финалето на Копа Либертадорес е меч кој со нетрпение го чека целиот свет, а во петте предлози за денеска, тука се и предложените квоти на денот од SPORT LIFE. Во сите најсилни лиги се играат мечеви кои по некоја логика има зошто бидат ставени на уплатените ливчиња. Ви даваме мини-анализи при прогнозирањето.

 

Уеска – Реал Мадрид (16.15 часот)

Тука гостите се големи фаворити, но Реал сезонава игра доста неефикасно во првите полувремиња, па затоа поверојатно е дека во вторите 45 минути ќе го скршат отпорот на една од најслабите екипи во шпанската Ла Лига. За Уеска, чест е што првпат ќе игра официјален меч против Реал Мадрид, кој на сите гостувања сезонава примаше барем по еден гол.

Предлог тип: 2 & 2+ второ (2.10)

 

Борусија Менхенгладбах – Штутгарт (18.00 часот)

Борусија мора да го заборави поразот од Лајпциг, а на Штутгарт му требаат бодовите за да излезе од зоната на испаѓање. Популарните „шваби“ имаат две победи во претходните три кола, но сега гостуваат кај тим кој сака да обезбеди место во Лигата на шампионите. Борусија во Менхенгладбах, сезонава во Бундеслигата знае само за победи, а и традицијата е на нејзина страна.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.05)

 

Милан – Торино (20.30 часот)

Тешка е ситуацијата за „росонерите“, кои имаат проблеми со повредите. Ова е дуел на два тима кои се борат за излез на европска сцена. Милан сезонава загуби само еден меч на свој терен и тоа од Јувентус, а само уште Аталанта си замина непоразена од „Сан Сиро“. Торино повеќе од 20 години нема победено во Милано, но во минатата сезона извлече реми. „Биковите“ немаат пораз на гости, но имаат дури пет нерешени.

Предлог тип: 1Х & 0-1 прво (2.00)

 

Ривер плејт – Бока јуниорс (20.30 часот)

Реваншот од финалето на Копа Либертадорес е мечот на денот во светски рамки, а тимовите практично почнуваат од нула, бидејќи првиот дуел заврши 2:2, и правилата се дека не важи правилото за повеќе голови во гости. Победник ќе мора да има. Ова е специфичен меч, психологијата ќе биде поважна од моментната форма.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.12)

 

Њукасл – Вулверхемптон (17.00 часот)

Во минатото коло, „волците“ го шокираа Челзи, а Њукасл после трите лигашки победи, им се врати на старите навики, па во претходните две кола освои само еден бод и даде само еден гол. Меѓусебните дуели на овие тимови не носат премногу голови, па можеби подобро е се обидете да погодите колку пати ќе се тресат мрежите.

Предлог тип: 3+ (2.45)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести