Милан ќе го врати Ребиќ во Ајнтрахт за да го договори Ибрахимовиќ

Преговорите на Милан за доведување на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ продолжуваат. Италијанскиот тим бара начин како да собере доволно пари за да го намами Ибрахимовиќ повторно да биде дел од Росонерите. Во последната комбинација е вклучен Анте Ребиќ.

Хрватскиот репрезентативец дојде во Милан како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт на две години, со опција за откупување на договорот за 25 милиони евра. При таа позајмица, од Милан во Ајнтрахт замина Андре Силва, но овие две позајмици не се меѓусебно поврзани.

Сега Милан размислува да го врати Ребиќ во Ајнтрахт и на тој начин ќе заштеди три милиони евра, плата која Хрватот треба да ја прими во пролетниот дел. Ако ги заштедат парите за плата на Ребиќ, тие три милиони евра може да бидат вложени во платата која ја бара Ибрахимовиќ за да се врати во Милан.

Ребиќ сезонава одигра само 177 минути во Серија А, па многу веројатно е дека ќе си замине во јануари.

https://twitter.com/SempreMilanCom/status/1207599174952374273

 

- Оглас -

Најнови вести