Милан лидер во топ-лигите по „суви мрежи“, но за победа над Сасуоло му фалела идеја

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по ремито 0-0 против Сасуоло, не беше задоволен од играта и истакна дека неговиот тим со мислите веќе е свртен кон дербито против Интер, кое е закажано за 3 септември.

„Ни недостасуваше јасна идеја, носевме погрешни одлуки во одредени ситуации. Искусни сме, треба да играме попаметно. Со Ребиќ и Ориги ќе имавме повеќе опции. Почнавме добро, но судиите многу често ја прекинуваа играта и по 70-тата минута како да чекавме во секој момент мечот да заврши. Против Интер ќе биде поинаку. Состојбата на табелата не е толку важна, поминаа само четири кола, важно е да го победиме големиот ривал“, изјави Пиоли.

Милан по 14-ти пат во 2022 година одигра меч без примен гол и тоа е рекорд во Топ 5 лигите во Европа. Голема заслуга што не примија гол има голманот Мајк Маињан, кој синоќа му одбрани пенал на Доменико Берарди.

- Оглас -

Најнови вести