Милан не го бива ни за летната Лига на шампиони (Видео)

Бенфика победи со 1:0 против Милан во дуел кој е дел од Интернационалниот куп на шампионите. Тарабт во 70-тата минута беше стрелец на единствниот гол со кој Бенфика стигна до третата победа во третиот меч од летната лига. Со овој триумф, Бенфика е лидер со 9 бода, најмногу од сите 12 клуба кои се дел од натпреварувањето.

За разлика од Бенфика, Милан е единствениот тим кој уште нема дадено гол. Во првиот одигран меч, Росонерите со 1:0 загубија од Баерн Минхен, а сега со истиот резултат беа поразени од Бенфика. Милан останува на дното од Лигата покажувајќи зошто едноставно нема да биде дел од европските натпреварувања на УЕФА во новата сезона.

https://youtu.be/oH3f7vN3D20

- Оглас -

Најнови вести