Милан не погодуваше, па падна на аргентинското танго на Дибала и Игуаин (Видео)

Пауло Дибала со велемајсторски потег и гол му донесе победа на Јувентус во дербито со Милан, а акцијата на двајцата Аргентинци, во која Игуаин прекрасно го проигра стрелецот на победничкиот гол, го одлучи мечот.

Дибала прекрасно реагираше во 77-мата минута и го совлада Донарума, па Јувентус по 9-ти пат по ред го победи Милан. Гостите имаа подобри шанси, но Војќех Шченсни не дозволи да му се затресе мрежата по убавите шанси на Пјонтек и на Чалханоглу во неколку наврати.

https://www.youtube.com/watch?v=KAaZl2dnAhY

Гостите играа добро, му пружија силен отпор на шампионот, а се чинеше дека ремито нема да им побегне особено по потегот на Маурицио Сари во 54-тата минута, кога го извади од игра Кристијано Роналдо. Португалецот беше нервозен и веднаш замина во соблекувалната, а неговата замена Дибала испадна јунак на мечот.

Јувентус со победата вечерва се врати на првото место во Серија А со 32 бода, еден повеќе од Интер, по 12 одиграни кола.

Милан е на 14-тото место со 13 бодови.

- Оглас -

Најнови вести