Милан ризикува да не добие ни едно евро, но нема да се откаже од својата ѕвезда

Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу неодамна одби да го продолжи договорот со Милан и најави дека сака да ја смени средината. Актуелниот договор на Чалханоглу е до крајот на оваа сезона, што значи дека ако не биде продаден во зимскиот преоден рок, потоа ќе биде слободен играч и тимот од „Сан Сиро“ нема да добие ни едно евро отштета за играчот.

Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека од Јувентус контактирале со Чалханоглу, но Старата дама веројатно ќе извиси во обидот да го купи во јануарскиот преоден рок. Од Милан најавија дека ќе го задржат Чалханоглу до крајот на сезоната затоа што тој е еден од најважните играчи во трката за титулата во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести