Удинезе на „Сан Сиро“ против Милан одигра „само“ 1-1 и освен што си помогна себеси да се најде во безбедна зона, индиректно му помогна на Интер да се доближи до титулата во Серија А. Сега Милан заостанува три бода, а Интер има и меч помалку, па ако утре ја победи Парма, Интер ќе оди на плус шест.
Бекао погоди за Удинезе. Тој има дадено два гола во Серија А, а и двата му се против Милан и Џиџи Донарума меѓу стативите. Заслуга за голот на Удинезе има и Илија Несторовски, кој со движење на ногата го измами голманот на Милан, кој направи грешка и дозволи лесна топка да му мине зад гол-линијата.
Несторовски имаше убава шанса да погоди за 1-0, но Ромањоли на одличен начин го спречи нашиот напаѓач второ коло по ред да даде клучен гол. Росонерите се спасија во 97-мата минута со голот на Кеси од пенал.
Горан Пандев со Џенова ремизира во градското дерби против Сампдорија со 1-1. Македонскиот капитен влезе во игра во 73-тата минута. Аталанта со 5-1 го разби последниот Кротоне, а за тимот од Бергамо, пет различни играчи дадоа по еден гол. Значајна победа извојува и Калјари, кој се бори за опстанок и врза две победи по ред.
Ова е голот со кој Удинезе го урна Милан: