Милан со гол од „мртов агол“ се врати од мртвите, Реина од трагичар до херој (Видео)

Милан како гостин ја победи Џенова со 2-1 во последниот меч од Серија А денеска, а крајот го украси делото, бидејќи ова беше еден од најинтересните мечеви во Италија сезонава.

Џенова поведе со гол од слободен удар по киксот на голманот Пепе Реина, но во финишот на првото полувреме на резервен играч на домашните му беше покажан црвен картон. Ова беше поттик за Милан кој преку Тео Ернандес и Кеси од пенал, за пет минути (од 52 до 57 минута) направи пресврт. Во меѓувреме, уште еден играч на Џенова, овојпат од оние на терен, беше исклучен.

Но, Милан се мачеше да ја осигура победата, Калабрија доби црвен картон (единствен играч во Топ 5 лигите со два црвени сезонава), а откако Горан Пандев влезе во игра во 88-ма минута, учествувше во акцијата по која беше досуден пенал за Џенова. Но, Ласе Шоне утна и испушти шанса да биде двоен стрелец, а голманот Реина со одбраната се извади за киксот при примениот гол.

Екипите од Џенова се на последните две места на табелата, а кај Милан ќе се намали притисокот врз тренерот Џампаоло.

https://www.youtube.com/watch?v=DUt1gdlJXrU

- Оглас -

Најнови вести