Милан ужива на „Дел Ара“ – Неверојатната серија успеси против Болоња продолжува

Милан ја победи Болоња со 3:2 во одличен меч и ја продолжи блескавата серија од 14 меча без пораз на „Ренато Дел Ара“.

Тео Ернандес беше во фокусот, а бекот на Милан постигна и гол и автогол во меч со пет погодоци. Пјонтек од пенал му донесе предност на фаворитот во 15. минута, а потоа Ернадес беше прецизен за 2:0.

Истиот играч повторно ја тресеше мрежата, но својата во 40. минута за 1:2 на полувреме. Бонавентура со прекрасен погодок во 46. минута потврди дека Милан и по 14-ти пат по ред ќе остане непоразен на гостувањата кај Болоња, а Сансоне во финишот намали на 2:3, но не ја загрози победата на Милан.

Росонерите сега се 10. на табелата со 20 бода, а Болоња со 16 е на 12. позиција.

- Оглас -

Најнови вести