Милан во дербито против Интер без еден од клучните играчи

Црвена ѕвезда синоќа одигра 2:2 на гостувањето во Белград против Црвена ѕвезда во првиот меч од 16-финалето на Лигата на Европа. За италијанскиот тим ова е добар резултат пред реваншот на „Сан Сиро“, но гостите, сепак, од Белград се враќаат и со лоши вести.

Во првото полувреме поради повреда од игра беше повлечен Исмаел Бенасер. На местото на Бенасер влезе Сандро Тонели. По направените лекарски прегледи, јасно е дека Бенасер нема да биде подготвен за големото градско дерби против Интер кое се игра в недела.

За Алжирецот ова не е прва повреда сезонава. Поради повреда на мускулот, Бенасер мораше да пропушти дури 11 меча во периодот од декември до јануари. Милан во дербито против Интер влегува со еден бод зад градскиот ривал, кој е и лидер во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести