25.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Милан заборави да игра во домашното првенство, Удинезе ја искористи ситуацијата (Видео)

Златан Ибрахимовиќ нема по добро да го памети мечот на кој стана рекордер на Серија А како највозрасен стрелец во историјата на италијанското првенство.

Милан загуби од Удинезе со 1-3, и потврди дека е во криза, бидејќи во последните три кола, Росонерите освоија вкупно само еден бод.

Удинезе на свој терен немаше победа уште од 18-ти септември, кога го победи Интер со 3-1, а вечерва конечно го прекина постот, и ги израдува своите фанови со нова победа од 3-1 против тим од Милано.

Илија Несторовски беше на клупата за резерви и не влезе во игра.

Ова е историскиот гол на Ибра кој ја носеше и капитенската лента:

- Оглас -

Најнови вести