Милано ќе гори, Јувентус, Сити и Барса ќе се изнадаваат голови

Гранада – Барселона (21 ч.)

Меч на кој се очекува од првата минута да заигра Лионел Меси, што би бил негов прв меч дуел како стартер сезонава. Шпанскиот првак лошо започна и по четири меча има два кикса (реми и пораз) и двата на гостински терен. Гранада веќе одигра три меча на свој терен и освои одлични седум бода (две победи и реми), а вистински предизвик ќе биде да се сопре Барселона.

Меѓусебните дуели покажуваат дека Барселона има шест победи по ред, во кои каталонците постигнаа дури 21 погодок. Тоа значи дека и вечерва треба да очекуваме двојка со повеќе голови.

Предлог тип: 2-2&2-5 (2.70) – квота на денот во Sport Life

 

Манчестер сити – Ватфорд (16 ч.)

Меч на кој воопшто не треба да има дилеми дека трите бода ќе ги освои домаќинот. Граѓаните веќе направија еден кикс, откако загубија кај Норвич, па сега никако не смее да си дозволат ново изненадување. Неверојатна е серијата од 11 победи по ред на Сити со овој ривал.

Последен пат Ватфорд не загубил од Сити е во 2007 година, а тешко дека сега ќе успее да го повтори тој подвиг. Напаѓачкиот дел на домаќините е одличен.Во досегашните пет меча, Сити во просек дава повеќе од три гола на меч, па се очекува тој ритам да биде задржан и денеска.

Предлог тип: T1 3-4 (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Јувентус – Верона (18 ч.)

Во новиот милениум, овие две екипи во Торино имаат одиграно девет меча и на сите девет како победник бил домаќинот, односно Јувентус. Денеска се очекува 10 од 10 за Старата дама, која во претходното коло одигра слабо кај Фиорентина и сега мора да се поправи тој кикс.

Уште во првото полувреме се очекува да биде скршен отпорот на гостите, иако Верона покажа дека има цврста одбрана, па во трите меча досега прими само два гола. Сепак, разликата во квалитет е повеќе од очигледна, па сѐ освен убедлив триумф на домаќините ќе биде изненадување.

Предлог тип: T1 1+I& T1 3+ (2.15) – квота на денот во Sport Life

 

Милан – Интер (20:45 ч.)

Градското дерби е посебен предизвик за сите. Во летниот преоден рок Интер се засили и најави дека сака да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А. На Нераѕурите засега им оди добро. Имаат максимални девет бода од три меча.

Милан уште на стартот од првенството покажува каја е неговата тактика. Силна одбрана, па со еден гол да се стигне до бодовите. Тоа засега им успеа два пати, бидејќи во три меча, Росонерите имаат дадено само два гола, но имаат шест бода, што е одличен биланс.

На последните пет меѓусебни средби, Интер има три победи и две реми, а и сега ја има улогата на фаворит иако ќе биде како гостин на „Сан Сиро“.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

Вердер – Лајпциг (18:30 ч.)

Ова треба да биде еден од поатрактивните мечеви во Германија. Лајпциг стандардно добро почнува па не е ни чудо што се лидери по четири меча. Вердер стартуваше со два порази, но потоа нареди два триумфи и најавува голема борба против гостинот кој игра офанзивно.

На петте меча од новата сезона, Вердер постојано игра ГГ 3+, а вкупно на тие мечеви имало дури 24 погодоци, односно речиси по пет гола на меч. И Лајпциг игра на погодок повеќе, па тука нема дилеми дека ќе има погодоци, а гостите ја имаат фаворитската улога, а дополнителен против за домаќините е тоа што имаат голем број на повредени играчи.

Предлог тип: Х2&4+ (2.60)

 

- Оглас -

Најнови вести