Миланските матадори ќе ги прободат биковите од Торино

Челзи – Манчестер јунајтед (фудбал, Англија, 21.00 часот)

Дербито на „Стемфорд бриџ“ доаѓа по двонеделна пауза за двата тима, а на последните мечеви и Челзи и Јунајтед ремизираа. Солскјер не може да смета на Рашфорд, Погба и Мектоминеј, а Лампард ќе биде без услугите на Пулишиќ. Манчестер на последните три гостувања кај Челзи даваше по два гола, но само еден од тие три меча беше премиерлигашки. Челзи со победа ќе се зацврсти на четвртото место, за Ѓаволите Европа уште не е на дофат.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Милан – Торино (фудбал, Италија, 20.45 часот)

Милан во последните десет дена доживеа два шока, загуби од Интер по водство од 2-0, а потоа во Купот примија гол од спорен пенал во последните минути. Ова е шанса за Росонерите да триумфираат, Торино е тим кој има четири порази едноподруго и 16 примени голови во овој период. И традицијата е на страна на домашните. Биковите не победиле на „Сан Сиро“ од 2000 година, а и тогаш беше куп-меч, не лигашки.

Предлог тип: 1 (1.62)

 

Шатору – Ленс (фудбал, Франција 2, 20.45 часот)

Ленс е втор, но има четири нерешени во последните пет кола. Со победа, ќе дојдат на бод негатива зад лидерот Лориен, со кого се фаворити за влез во првата француска лига. Проблем на Ленс е реализацијата, во последните пет кола има постигнато само три гола. Шатору, кој се бори за опстанок, има два порази по ред. Последните четири меѓусебни дуели на овие тимови во Шатору завршија нерешено со 0-2 гола.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Бохум – Штутгарт (фудбал, Германија 2, 20.30 часот)

Мотиви има и кај двата тима. Бохум во минатото коло победи и исплива од опасната зона. Штутгарт на последните шест првенствени средби не знае за пораз, и ако триумфира, ќе се израмни со Хамбургер, кој е на втората позиција. Штутгарт три и пол години нема гостувано во Бохум, во минатото обично играа неефикасни мечеви, а есеноска беше 2-1 за Штутгарт.

Предлог тип: ГГ (1.58)

 

Анталијаспор – Касимпаша (фудбал, Турција, 18.00 часот)

Кај Анталија ќе го нема повредениот Адис Јаховиќ. Ова е дерби на дното, двата тима се во опасната зона и затоа дуелот е многу значаен. Домашните со победа би се искачиле две места погоре, но Анталија во последно време се специјализираше за ремија. Касимпаша загуби на седум од последните осум гостувања. Анталија е во блага предност и според традицијата (шест победи на последните седум соочувања на свој терен).

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Митјиланд – Лингби 1 3-6 (1.95)

Милан – Торино 1+  и 2+ (2.90)

Челзи – Манчестер јунајтед Х Било кога (1.90)

- Оглас -

Најнови вести