Миланско дерби кое ќе влезе во историјата

Пред да се прекине фудбалската сезона поради пандемијата со Коронавирусот, посведочивме на двете дербија на Милано во кои славеше Интер со 2-0, односно 4-2 во втората пресметка. Сепак, не е на одмет да гледаме како двата ривали и по третпат ќе водат битка за престиж, иако таа ќе биде виртуелна.

Утре, во 12:30 часот, на платформата за пренос на спортски натпревари „Дазн“ ќе се пренесува виртуелното дерби меѓу Милан и Интер, а со екипите ќе раководат Рафаел Леао (Милан) и Себастијано Еспосито (Интер). Младите членови на двете екипи со помош на видеоиграта PES20 ќе ги забавуваат сите навивачи и фудбалски фанатици кои исто така се затворени дома додека трае хаосот со Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести