Миленикот на Покетино ќе му биде прво засилување во ПСЖ

Деле Али многу веројатно ќе биде првото засилување на Маурисио Покетино во ПСЖ, кој во Париз ќе оди привремено на позајмица. Сепак, Тотенхем засега не сака да го комплетира овој трансфер додека не се најде замена за англискиот репрезентативец.

Инаку, двете страни се согласија на соработката, откако Светците изминативе недели притискаа да го добијат потписот на Али, по желба на аргентинскиот стратег. Англискиот играч за врска падна во втор план откако Жозе Мурињо застана на менаџерското столче на Тотенхем, по што и самиот изрази желба за нов предизвик.

Покетино беше човекот кој го откри потенцијалот на Али, кој во своите тинејџерски денови играше за нисколигашот МК Донс, пред да го облече дресот на Петлите во 2015 година.

Под палката на Покетино, Али одигра вкупно 194 натпревари во кои забележа учинок од 55 погодоци и 52 асистенции, по што беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата во сезоните 2015/16 и 2016/17.

- Оглас -

Најнови вести