Миленкоски е нов селектор на Црна Гора

Македонскиот одбојкарски тренер Јошко Миленкоски е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора. Управниот одбор на Одбојкарската федерација на Црна Гора на денешната седница едногласно го избра македонскиот стратег за селекторската функција.

Миленкоски е поранешен тренер на Будванска ривијера, а сега е на клупата на Фоникс Сирос во Грција. Само пред еден месец, македонскиот стратег го предводеше Фоникс Сирос до освојување на Супер купот во Грција.

Јошко има богата тренерска кариера. Беше селектор на Македонија од 1997 до 2008 година, а ја има предводено и турската репрезентација во 2017 година. Освен практичната работа, Миленкоски има издадено и пет книги по одбојка, што е само уште еден доказ за неговиот квалитет и искуството што го поседува.

- Оглас -

Најнови вести