Милер е вишок во Баерн, Овермарс чека повик за да го пресели во Ајакс

Марк Овермарс го чека расплетот во Баерн Минхен за да го ангажира Томас Милер уште во зимскиот преоден рок. Репрезентативецот на Германија не добива доволно минутажа во редовите на германскиот првак. Одигра само 66 минути вкупно на последните пет меча и не е задоволен со статусот.

Работите нема да се сменат, особено по контроверзната изјава на тренерот на Баерн, Нико Ковач, дека Милер ќе игра кога ќе нема доволно фудбалери на располагања, што е сигнал за разделба.

„Само треба да нè повика. Милер е добредојден во Ајакс. За мене тој е срцето на Баерн“, изјави Овермарс, кој ја има функцијата спортски директор кај холандскиот првак.

Напаѓачот на Баерн има 30 години и две третини од нив е во најтрофејниот германски клуб. Освои 21 трофеј со Баварците и му фалат само пет меча до фантастичната бројка од 500 одиграни натпревари со 186 голови.

- Оглас -

Најнови вести