Интересна исповед имаше поранешната ѕвезда на Баерн, Томас Милер, кој сега е во Ванкувер и синоќа дебитираше во МЛС лигата, а не бил запознат со едно посебно правило.
Кога некој ќе се повреди, а излезе од терен и му се укажува понош, мора да остане надвор од игра две минути во МЛС лигата. Дури потоа на играчот му е дозволено да се врати на терен и да продолжи.
„Тоа беше малку чудно. Ако малку ме боли, нема да барам третман, не сакам да излезам две минути“, се пошегува Милер кој даде гол, но му беше поништен.