Милевски: Дуелот против Малта може да е најважен за нас во овие квалификации

Селекторот Благоја Милевски вели дека утрешниот дуел против Малта можеби е и најважен за Македонија во овие квалификации. Тоа е така затоа што со евентуална победа, Македонија ќе стигне до седум бода и ќе остане во борба за пласман на ЕП 2024.

„Малта и на дуелот во Скопје покажа дека е квалитетен тим, одлично организиран, борбен и нè намачи многу во Скопје. Воопшто не смееме да се опуштиме. Максимално сериозно настапуваме. Ова е можеби и најважен меч за нас во овие квалификациите. Момците се свесни што ни значи овој меч, што може да ни донесе. Сакаме да ја задржиме позитивната атмосфера што ја имаме и по овој натпревар“, рече Милевски на денешната прес-конференција во Малта.

Милевски додаде дека сите фудбалери кои се повикани, се подготвени да го дадат максимумот, но лоша вест стигна утрово, кога беше потврдено дека голманот Столе Димитриевски е повреден.

„Данокот на квалитетот на теренот во Скопје го плативме со повредата на Столе Димитриевски. Жал ми е што тој нема да може да брани, но јас имам доверба во сите кои се повикани, па така имам доверба и во Дамјан Шишковски“, додаде Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести