Милевски: Играњето против врвни селекции е одлична можност за младите да го покажат квалитетот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, очекува неговите избраници со добра игра против фаворитот Англија да ги завршат квалификациите за пласман на ЕП кое едната година ќе се игра во Германија.

Македонија досега во квалификациите одигра седум меча и оствари две победи над Малта, реми со Италија и четири порази и ќе заврши на четвртата позиција на табелата во групата Ц.

„Од мечот што го загубивме во Манчестер ние веќе направивме доста промени, како во составот така и во играта. Имаме повеќе млади играчи, кои треба да бидат иднината. На теренот имаме осцилации во играта, но тоа е процес кој треба да го поминеме. Играњето на вакви натпревари против селекции во кои има фудбалери од светска класа е одлична можност за младите играчи да го покажат квалитетот. За неколку дена играме два меча против две селекции од светска класа и тоа е вистински предизвик за играчите кои на секој меч го даваат максимумот. Против Италија направивме пет измени, не е лесно да се игра во такво темпо против актуелниот европски првак, но фудбалерите покажаа и ментална сила и успееа да се вратат во игра и по негативата од 3:0 на полувреме“, вели Милевски.

- Оглас -

Најнови вести