Милевски: Имаме квалитет, но само со тимска игра може да ја изненадиме Италија

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски верува дека оваа репрезентација има сили да покаже дека двата болни порази од Украина Англија се зад нас и против Италија да се одигра на највисоко ниво со можност и да се изненади актуелниот европски првак.

„На секој меч имаме желба за победа, мотив да покажеме дека играме добро. Против Украина во поголем дел од мечот игравме феноменално, но за жал загубивме. Италија селекција за респект, доаѓа со нов селектор, ќе биде голем предизвик да покажеме добра игра. Треба да сме тактички дисциплинирани, да одговориме тркачки, момците поседуваат индивидуален и тимски квалитет, оваа Македонија кога функционира како тим, покажала дека може да направи успеси. Тимската игра, тимскиот дух ни го донесе второто место во групата во квалификациите за СП 2022 година и тоа е доказ дека може да се носиме и со најдобрите“, вели Милевски.

Селекторот вели дека фудбалерите сега се многу подобро физички подготвени од тоа што беа во претхониот квалификациски прозорец кога загубивме од Украина и Англија.

„Минутажата што ја имаат играчите и формата на фудбалерите преставуваа голем проблем на претходниот собир. Овој септемвриски прозорец е поинаку. Играчите доаѓаат по завршени подготвки. Гледам дека се физички на многу повисоко ниво од претходниот собир, се надевам дека ќе го изгржиме високиот ритам во текот на сите 90 минути“, здоволно коментира Милевски пред утрешниот дуел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести