Милевски: Нема да го потцениме Гибралтар, но одиме на победа

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, најави дека нашата репрезентација треба да стигне до првата победа во овој циклус од Лигата на нации и тоа на гостински терен кај Гибралтар.

„Во денешниот фудбал нема простор за потценување на ниту еден противник. Гибралтар со самото тоа што е дел од Ц сегментот во Лигата на нации докажува дека е противник за респект. Затоа нема да се опуштиме ниту еден процент. Секој меч е посебен и посебно се подготвуваме. Момците сериозно ќе пристапат на дуелот, затоа што се свесни дека имаме сериозен ривал пред нас. Тоа го знаат од претходното гостување тука. Во стартниот состав ќе бидат најподготвените и нема место за калкулации. Наша обврска е да го дадеме максимумот и да одиме на победа. Ве молам, да не се потцени Гибралтар. “, рече Милевски.

- Оглас -

Најнови вести