Милевски: Секогаш сум верувал во квалитетите на овие играчи и тие тоа го покажаа вечерва

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски втор пат за една и пол година успеа да го надмудри актуелниот европски првак Италија. По победата од 1:0 во Палермо, овојпат одигравме 1:1 во Скопје.

„Морам да бидам задоволен од тоа што момците го покажаа денеска. Несомнено е дека имаат квалитет, а сега тоа го потврдија. Дали ова е рамно на победа? Не, ова е реми и добивме само еден бод. Во второто полувреме игравме многу подобро од првиот дел кога имавме некои грешки во играта. Ирачите карактерно се прекрасни момци и тоа го покажаа и на терен. Што се однесува до физичката подготвеност и пред мечот кажав дека не се грижам затоа што играчите доаѓаат по одработени подготовки во клубовите и на физички план се добро подготвени. На вакви мечеви мора постојано да сме на физички, психички и ментално ниво целосно подготвени“, рече Милевски веднаш по ремито со актуелниот европски првак, додавајќи дека состојбата на теренот не заслужува да биде коментирана, бидејќи бил очаен за двете селекции.

Милевски верува дека сега на ред е освојување на три бода на гостувањето кај Малта.

„Овој бод нема ништо да значи ако не победиме против Малта. Ова е веќе за нас и веќе од сега започнуваат подготовките за дуелот со Малта“, додаде селекторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести