Милевски: Тешко е да се подготвувате за селекција која има нов селектор, против Црна Гора мора да бидеме подобри посебно во реализацијата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, очекува неговите избраници да ги реализираат договорените замисли на утрешниот контролен натпревар против Црна Гора во Анталија и притоа да ја поправат грешките од дуелот со Молдавија (1:1).

Селекторот по дуелот со Молдавија не беше задоволен од реализацијата во завршната фаза на мечот.

„Секако дека не очекува квалитетен противник со квалитетни играчи кои играат во силни лиги како Италија, Шпанија и во други квалитетни екипи и мора да го кренеме нашето ниво на игра, посебно во реализацијата. Секако можам да бидам задоволен од првиот меч, но има работи кои треба да ги смениме и да бидеме подобри ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Од дуелот со Молдавија не сум задоволен од реализација во завршната фаза на мечот, имавме 5-6 шанси кои требаше да ги реализираме и да го затвориме натпреварот“, вели Милевски.

Тој најави дека ќе има промени за утрешниот натпревар, а стартните 11 може да ги крои и здравствениот билтен кај фудбалерите.

„ Секако дека ќе има промени, дојдени сме тука на овие два меча се и за да го провериме потенцијалот на некои играчи да играат на различни позиции и тоа го направивме во дуелот со Молдавија, а ќе го направиме и утре против Црна Гора. Треба да почекаме да заврши последниот тренинг, имаме ситни проблеми со здравствениот билтен, но имаме време да видиме кој ќе биде подготвен да се стави во функција во тимот. Без разлика кој ќе го започне мечот, сите се тука да влезат во игра и да ги исполнат барањата на теренот“, вели Милевски кој додаде дека секогаш е тешко да се подготвува за репрезентација која има нов селектор.

„ Секако е тешко да се подготвувате за противник кој има нов селектор, и во минатото ни се случуваше тоа, еве и сега. Црна Гора одигра добро против Белорусија и покажа дека е квалитетна селекција со доста квалитетни индивидуалци. Имаме одлична шанса против квалитетен противник да видиме каде сме и каде треба да се поправаме.

- Оглас -

Најнови вести