Милевски тргна со работа како селектор, не се појавија само Елмас и Јаховиќ (Фото)

Фудбалските репрезентативци на Македонија го одработија првиот тренинг од подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар.

Репрезентацијата е речиси комплетна и селекторот Благоја Милевски на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на располагање ги имаше сите кандидати, освен Елиф Елмас и Адис Јаховиќ, кои ќе се приклучат малку подоцна.

Македонија ја чекаат три пресметки со директните ривали за најмалку второто место, кое носи бараж за Мундијалот. Прв е мечот со Ерменија дома, потоа гостување кај Исланд, па уште еден домашен меч со должникот Романија.

Голем дел од сегашните сениорски репрезентативци му се познати на Милевски бидејќи со нив испиша историја кога во 2017 година се пласира на младинското ЕП во Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести