Саудијците ќе направат „ршум“ – Ќе го купат Њукасл, подготвуваат и сензационален трансфер во Италија

Јавниот инвестициски фонд (ПИФ) од Саудиска Арабија подготвува уште една сензационална купопродажба на фудбалски клуб и покрај Њукасл, сака да го преземе и италијанскиот шампион Интер, објави „Калчомеркато“.

Премиерлигашот кој во моментов е во сопственост на Мајк Ешли, наскоро треба да премине во владење на ПИФ, а богатството на инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија се проценува на 376 милијарди евра.

На топ 10 листата сите останати газди на клубовите заедно не вредат толку во моментов.

Според „Калчомеркато“, тоа нема да биде нивна последна зделка во фудбалот и Саудијците ќе се обидат да го преземат и Интер од кинеската компанија „Сунинг“.

 

- Оглас -

Најнови вести