Милионерите се подготвени за ризик – Си заминува норвешкото чудо што не знае да промаши, ќе го замени играчот со најмногу утки

Борусија Дортмунд нема да може да го задржи Ерлинг Халанд и норвешкото фудбалско чудо речиси сигурно ќе си замине идната година, а популарните Милионери се подготвени за ризик и ангажман на Тимо Вернер.

Халанд урива рекорди со голови и добри игри, а има само 21 година и тој е најдобар доказ за фантастичниот начин на работење на Борусија.

Клубот од Дортмунд го купи од Салцбург пред две години за 20 милиони евра, а сега според отштетната клаузула што ја има во договорот со Милионерите, вреди најмалку 75 милиони евра.

Борусија летово бараше околу 130 милиони евра за да го продаде Халанд, но трансфер не се случи. Договорот му истекува во 2023 година, а речиси сигурно ќе си замине во следните два преодни рока.

Бундеслигашот како замена за Халанд го планира Тимо Вернер, човекот што дојде како големо засилување во Челзи, но е под бараж од критики поради неверојатните промашувања.

Со пристигнувањето на Ромелу Лукаку на „Стемфорд бриџ“, Вернер е во втор план, а спас за него може да биде трансфер во Борусија, Клубот од Дортмунд е вистинска мека за промоција на млади играчи и е препознатлив и по тоа што успева да ги врати во нормален колосек и играчите што се во криза.

Вернер е млад фудбалер, има само 25 години и е одличен играч кој не се снајде во Челзи, па Борусија веројатно пак ќе ризикува со негов ангажман.

Единствена пречка, како што информираат англиските медиуми, е високата годишна плата на Вернер во Челзи, која изнесува околу 20 милиони евра, па Тимо ако дојде на „Вестфален“, ќе мора да прифати намалување на годишните примања.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести